Отворен е првиот Центар за превенција за одржување работилници со граѓаните во скопската населба Маџари што го организира одделението за превенција при СВР Скопје во присуство на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.
Министерката за внатрешни работи истакна дека целта е да се создадат услови полицијата да биде колку е можно поблиску до граѓаните, каде што ќе можат да дојдат да се информираат, да постават прашања до полициските службеници кои ја покриваат територијата на овој реон.
– Нашето искуство покажува дека понекогаш граѓаните се воздржуваат од одење во полициска станица од најразлични причини. Некогаш тоа е оддалеченоста од местото на нивното живеење, некогаш непријатното чувство да одат во полициска станица, но сите овие фактори кои влијаеја на намалена комуникација на овој начин се елиминираат и очекуваме интензивна комуникација со граѓаните – изјави Јанкулоска и истакна дека целта е вакви центри да се отворат и во другите општини.
Таа истакна дека на превентивен план состојбата на територијата на општина Гази Баба споредено со лани по сите области значително е подобрена во насока на намалвуање на вкупниот број кривични дела, на сообраќајни прекршоци и прекршоци во јавниот ред и мир.
Градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, го поздрави овој проект кој е инициран од страна на МВР и смета дека отворањето на ваков центар ќе вроди со плод во насока на поблиска и почеста комуникација со граѓаните, кои во континуитет ќе можат да добиваат информации од службените лица од полициската станица во Гази Баба, а ќе можат да даваат идеи, предлози и сугестии по различни прашања.
– Само со вакви проекти можеме да ги намалиме сите оние девијантни појави кои се случуваат. Треба повеќе да делуваме превентивно – изјави градоначалникот Трајковски, апелирајќи до граѓаните да го користат Центарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
И Гордана Јанкулоска го осудува бегството на Груевски
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи