
Живко Мукаетов, почесен конзул на Данска во Македонија заедно со амбасадорката на Данска во Македонија Лиселот Јаерсгард Плеснер беа домаќини на приемот што се одржа во Кинотека на Македонија по повод традиционалната недела на дански филм.
На приемот присустуваа претставници на дипломатскиот кор во Македонија, претставници на политичкиот и културниот живот во земјава, бизнис-заедницата.
По кусото обраќање на домаќините, присутните имаа можност да проследат дански филм, а останатиот дел од манифестацијата и избраните филмови ќе може да ги проследата на 26, 27 и 28 ноември.

фото: Александар Ивановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


