Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, покрена иницијатива за избирање на агенција која транспарентно и реално ќе ја мери гледаноста на радио дифузерите. Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги го раскина договорот со Еј Џи Би Нелсен, агенцијата која досега го вршеше мерењето на рејтинзите.
По изборот на новата агенција, пипл метрите кои ќе бидат инсталирани во адекватни домаќинствата, а процесот на мерење ќе се врши врз основа на јасни, прецизни и транспарентни критериуми.
Предвидено е да има три модели за мерење на рејтинзите, а идејата на правилникот е прво да се формира иницијативен одбор кој ќе треба да го подготви нацрт – актите за работата на комитетот, па потоа да биде формиран и комитет и на крај Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги ќе ја утврди методологијата за работа.
Во наредните 30 дена, преку јавни дебати, радиодифузерите, огласувачите и маркетинг агенциите ќе можат да дадат и свои предлози.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.