| четврток, 6 декември 2018 |

Потребни се 3.000 евра за транспорт на телото на Дениса

deniza-markoska1-600x800
Една недела по добивањето на резултатите од ДНК-анализите за женскиот труп кој беше пронајден во близина на островот Карпатос, а за кој надлежните грчки служби, со речиси 100 процентна сигурност тврдат дека станува збор за исчезнатата прилепчанка Дениса Маркоска, нејзините родители се фокусирани на изнаоѓањето начин како телото да се донесе во Прилеп.
– Во очекување сме на официјална информација од Скопје за тоа колку ќе не чини транспортот и на кој начин ќе треба да се изведе тоа. Очекуваме дека во сето ова, а особено околу трошоците ќе помогне и државата, односно нејзините надлежни институции. Засега, немаме никаква потврда од никаде. – изјави за „Сител“ таткото Кире.
Неофицијално трошоците околу транспортот на телото би требало да чинат околу 3.000 евра. Според таткото Кире, барањето за реобдукција на телото овде во Македонија, засега го ставаат ад акта, што секако не значи дека се откажуваат. Директорот на Институтот за судска медицина Алексеј Дума потврди дека тие се спремни да извршат  реобдукција, но за нив не е доволна само желбата на семејството, туку најважна е наредбата од јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top