| четврток, 6 декември 2018 |

Лава од вулканот Килауеа стигнува до село на Хаваи

potok-lava-ot-vulkana-kilauea-dobliji-naselen-raijon-na-ostrov-havaij-264679

Поток од лава од вулканот Килауеа тече кон село на островот Хаваи, се приближува на шеесетина метри од куќите, јавува „Ројтерс“. На жителите чии домови се наоѓаат на патот на лавата им е наложено да се подготвуваат за евакуација. Протокот напредува со просечна брзина од 5 до 9 метри на час. Ако ги задржи траекторијата и брзината, ќе стигне до зградите за не повеќе од еден ден.

Вулканот исфрли количество лава на 27 јуни, а потоа на крајот на септември престана и малку подоцна повторно се активира. Од неделата досега лавата поминала околу  250 метри. Потокот, кој според научниците вчера беше широк околу 50 метри, ги поплави гробишта на патот кон селото Паоа со население од 800 луѓе. Два пата се затворени, а американскиот Црвен крст отвори привремено засолниште, јавуваат локалните власти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top