Во Нормандија денеска беше погребан шефот на француската енергетска компанија „Тотал“, Кристоф де Мажори, кој загина во авионска несреќа во Москва во ноќта на 21 октомври.
Во присуство на роднини, пријатели и соработници, тој беше погребан на гробиштата „Керон“, што се наоѓаат на неколку километри од морскиот брег, недалеку од туристичкиот град Сен.
Според француските медиуми, на погребната церомонија присутвувале меѓу 200 и 250 луѓе.
Во текот на вчершниот ден беше одржано опело за Маржори во париската црква „Сен Сколпис“, каде што присутвуваа 1.700 луѓе, меѓу кои и францускиот претседател Франсоа Орланд и премиерот Мануел Валс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.