| четврток, 6 декември 2018 |

Во Куманово околу 1000 сточари поднеле барање за субвенции

млеко

Околу 1000 производители на млеко од Куманово, Липково и од Старо Нагоричане поднеле барање за субвенции на произведено и предадено млеко, информира Подрачната единица на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство во Куманово.

Финансиската поддршка се однесува на произведено и продадено козјо, кравјо и овчо млеко, за четиримесечен период од 1 мај до 30 септември 2014 година. Како доказ, фармерите треба да ги доставуваат и откупните белешки издадени од преработувачките капацитети.

– Фармерите треба да обезбедат и да достават потврда од млекарите – изјави Бранкица Пваловска од Подрачната единица на Министерството за земјоделство.

Рокот истекува на 5 ноември, а дотогаш се очекува околу 1300 производители да поднесат барање за користење финансиска поддршка за произведено и предадено млеко за периодот од мај до септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top