| четврток, 6 декември 2018 |

Босанка џихадистка: Не сакам да се вратам дома, тука има кечап и „нутела“

сабина

Малолетната Сабина Селимовиќ (15), една од двете девојки од Босна и Херцеговина што заминаа за Сирија, за еден француски весник вели дека ѝ е добро меѓу џихадистите и дека не сака да се врати дома.

Таа преку интервју со СМС објаснила дека добро ја третираат.

– Имаме кечап и „нутела“. Можеме да добиеме и житарки и млеко за појадок – вели таа за весникот додавајќи дека не планира да се врати дома.

Таа објаснила дека не е бремена и дека ужива во новиот живот.

Сепак, експертите сметаат дека целото интервју е дадено под будното око на нејзиниот нов сопруг, кој е дел од милитантните џихадисти.

Според нив, интервјуто е пропаганда на исламистите по објавените информации дека Сабина сака да се врати дома.

Таа уште напролет замина за Сирија, а во моментов ја бара Интерпол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top