Малолетната Сабина Селимовиќ (15), една од двете девојки од Босна и Херцеговина што заминаа за Сирија, за еден француски весник вели дека ѝ е добро меѓу џихадистите и дека не сака да се врати дома.
Таа преку интервју со СМС објаснила дека добро ја третираат.
– Имаме кечап и „нутела“. Можеме да добиеме и житарки и млеко за појадок – вели таа за весникот додавајќи дека не планира да се врати дома.
Таа објаснила дека не е бремена и дека ужива во новиот живот.
Сепак, експертите сметаат дека целото интервју е дадено под будното око на нејзиниот нов сопруг, кој е дел од милитантните џихадисти.
Според нив, интервјуто е пропаганда на исламистите по објавените информации дека Сабина сака да се врати дома.
Таа уште напролет замина за Сирија, а во моментов ја бара Интерпол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Босанка откри како е да се биде втора жена на сопруг Арап: Еве како изгледа нашиот брак
-
Махер касиерка: Босанка крадела во пекарница, газдата останал подзинат кога видел што прави
-
Регионот е на нозе – Босанка со германски документи бара момче и поставува еден услов!
-
Му се препуштав на свекорот додека маж ми беше на пат, а потоа сè се претвори во кошмар