| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски во Белгија по повод 100-годишнината од Првата светска војна

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска во Кралството Белгија ќе присуствува на комеморативните церемонии за одбележување на 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна.

Настаните ќе се одржат во белгиските градови Њупорт и Ипр.

Денешната комеморација ја организира белгиското кралско семејство на чело со кралот Филип и кралицата Матилда, а ќе присутсвуваат и голем број претставници на кралски семјства, меѓу кои принцезата Беатрикс од Холандија, принцезата Мерјем од Мароко и големиот војвода на Луксембург, Анри Алберт Габријел Феликс Мари Гијом.

Од политичките лидери, покрај македонскиот премиер Груевски, на овој настан ќе присуствуваат и германската канцеларка Ангела Меркел, претседателите на Малта Мари Луиз Колеиро Прека, на Унгарија Јанош Адер и на Мали Ибрахим Бубакар Кеита, францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ледријан, како и голем број претседатели на парламенти, министри и високи претставници на вкупно 83 земји.

Покрај кралското семејство на Белгија, домаќини на денешната комеморација се премиерот на Белгија, Шарл Мишел, и потпретседателот и министер за надворешни работи, Дидие Рендер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top