| четврток, 6 декември 2018 |

Ова се кандидатите што ќе се натпреваруваат за „Златна топка“

Едно од најголемото признание во фудбалот, „Златната топка“, во претходните години четири пати го доби фудбалерот на Барселона Лионел Меси, а два пати Кристијано Роналдо, кој е фаворит и оваа година.

Списокот ќе биде скратен на три имиња во декември, а победникот ќе биде објавен на 12 јануари во Цирих.

Европскиот првак Реал Мадрид има шест претставници, а покрај Роналдо тука се Бензема, Бејл, Крос, Родригес и Рамос, а и Ди Марија кој во првиот дел од годината го носеше дресот на „кралскиот тим“.

Од Барселона, покрај Меси, на листата се најдоа Иниеста, Маскерано и Нејмар, додека кандидатити на Баерн Минхен се Ноер, Швајнштајгер и Милер.

Листа на кандидати: Герет Бејл (Реал Мадирд), Карим Бензема (Реал Мадрид), Диего Коста (Атлетико Мадрид/Челзи), Тибо Куртоа (Атлетико Мадрид/Челзи), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид), Марио Геце (Баерн Минхен), Еден Азар (Челзи), Анхел Ди Марија (Реал Мадрид/Манчестер Јунајтед), Златан Ибрахимовиќ (ПСЖ), Андрес Иниеста (Барселона), Тони Крос (Баерн/Реал Мадрид), Филип Лам (Баерн), Хавиер Маскерано (Барселона), Лионел Меси (Барселона), Томас Милер (Баерн), Мануел Ноер (Баерн), Нејмар (Барселона), Пол Погба (Јувентус), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Арјен Робен (Баерн), Хамес Родригес (Монако/Реал Мадрид), Бастијан Швајнштајгер (Баерн), Јаја Туре (Манчестер Сити).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top