| четврток, 6 декември 2018 |

Четкар за 8 Март ќе настапи во њујоршкиот клуб „Блу ноут“

BLUE

Охридскиот  џез-гитарист Владимир Василевски-Четкар со својот бенд за 8 Март ќе настапи во култниот њујоршки клуб „Блу ноут“.

Четкар во „Блу ноут“ или во „Светската престолнина на џезот“ се враќа по петти пат и ќе биде придружуван од Мотохито Фукушима на бас, Милан Милановиќ на клавир и Џефри Фахардо на тапани.

Како гостин на концертот, кој ќе почне на полноќ, ќе настапи и легендата на „Казабланка рекордс“ и на диско-музиката, Ди Си Лару, кој заедно со Четкар ќе го исполни својот најголем хит „Катедрали“.

Истиот ден во „Блу ноут“ ќе настапат и музичките џез и фанк-икони „Crusaders“ и тоа со славната стара постава, Џо Симл, Вејн Хендерсон и Вилтон Фелдер, препознатливи по нивниот мегахит „Street Life“.

Како што велат во Њујорк, никогаш не се знае кој сè ќе изненади во жешките „Блу ноут“  и спонтано ќе се качи на сцената, а токму тоа неодамна го направи и Џон Мајор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top