| четврток, 6 декември 2018 |

Рихана- симболот на отпорот на Кобане, заробена и убиена?

риханаДевојката која што стана симбол на отпорот на Кобане чија што фотографијата со два дигнати прста во знак на „мир“ беше раширена по сите светски медиуми, неофицијално е заробена и убиена.

Позната како Рехана, оваа припадничка на курдските сили е симбол на надеж на опколениот пограничен град откако еден новинар ја објави фотографијата на Твитер со коментар дека таа убила преку стотина џихадисти од Исламската држава.

Веста за нејзината смрт е пренесена од медиумите, но не е потврдена.

Борбите за Кобане траат повеќе од еден месец низ градот опколен од три страни со џихадисти. Градот го бранат Курдите меѓу кои има и илјадници жени, што е невообичаено за муслиманскиот свет. Жените, според курдките претставници, одиграле важна улога во борбите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top