Девојката која што стана симбол на отпорот на Кобане чија што фотографијата со два дигнати прста во знак на „мир“ беше раширена по сите светски медиуми, неофицијално е заробена и убиена.
Позната како Рехана, оваа припадничка на курдските сили е симбол на надеж на опколениот пограничен град откако еден новинар ја објави фотографијата на Твитер со коментар дека таа убила преку стотина џихадисти од Исламската држава.
Веста за нејзината смрт е пренесена од медиумите, но не е потврдена.
Борбите за Кобане траат повеќе од еден месец низ градот опколен од три страни со џихадисти. Градот го бранат Курдите меѓу кои има и илјадници жени, што е невообичаено за муслиманскиот свет. Жените, според курдките претставници, одиграле важна улога во борбите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!


