| четврток, 6 декември 2018 |

Путин ја прогласи 2016 за година на Грција во Русија

putin1

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој 2016 година ја прогласи за година на Грција во Русија и истовремено за година на Русија во Грција, јави ТАСС.

Указот денеска беше објавен на официјалната страница за правни информации на претседателот.

Во документот се дава и составот на рускиот организациски комитет за одбележување на годината на Грција во Русија и на Русија во Грција. Комитетот ќе го предводи рускиот вицепремиер Сергеј Приходко, а за координатор е именуван поранешниот министер за култура и специјален претставник на претседателот за меѓународната културна соработка Михаил Швидкој. Во организацискиот комитет влегуваат и неколку заменик-министри.

Првично, оваа акција требаше да се организира годинава, но на молба на грчката страна свеченостите беа одложени за 2016 година. Атина тоа го објасни со економските тешкотии, како и со грчкото претседателство со ЕУ во првата половина на 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top