| четврток, 6 декември 2018 |

На снимањето на „Хобит“ настрадале коњи и овци

Друштвото за заштита на животните ги обвинија продуценти на неколку холивудски филма дека ги злоупотребувале животните во текот на снимањето на филмовите и го нападнале телото кое го надлегува третманот на животните на сетовите бидејќи не внимавале на доброто на животните. Најчесто спомнуван филм каде што има насилство врз животните е блокбасерот „Хобит“.  Според активистите, во текот на снимањето на „Хобит“ настрадале 27 животни и тоа кокошки, кози, коњи и овци. Продуцентите на почетокот ги игнорирале обвинувањата, но подоцна признале дека во несреќен случај загинале два коња, но тоа не се случило во текот на снимањето. Филмот се снимаше во Нов Зеланд и чинеше 180 милиони долари. Беше еден од најголемите хитови на кино-благајните за Божиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top