Македонија доби сребрена плакета за нов квалитет во туризмот на Интернационалниот саем „Винтер&Спа туризам“ што се одржа на 23 и 24 октомври во Нови Сад, Србија.
– Наградата го потврдува успешното промовирање на македонскиот туристички производ и Македонија како нова и атрактивна дестинација на Балканот и пошироко, нудејќи им на светските туристи искуство кое ги спојува различните туристички сегменти од култура и историја до активности во природата – истакнува Агенцијата за промоција на туризмот во денешното соопштение.
За време на саемот се остварени средби со многубројни учесници во туристичкиот сектор со кои се договорени идните активности.
Интернационалниот саем во Нови Сад е во организација на „Туристичка призма“ и на него, покрај наградите на државите за нов квалитет во туризмот, беа доделени и награди за приватниот сектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Туристите збунети, Грците се изгубија во преводот на таблите (Фото)
-
Нови студиски програми на англиски јазик на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид (видео)
-
Размислете за Италија, Владата подарува вили и замоци