| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една награда за филмот „Мал дисконтинуитет…“

mal diskontinuitet

Само десет дена по наградата во Белград, „Мал дисконтинуитет во времепросторот“ на Гоце Цветановски повторно доби награда за најдобар регионален краток филм на 12. фестивал „Филмски фронт“ во Нови Сад.

Приказната за фотографот кој има невидлив посетител во станот ги воодушеви српската публика и жирито, а актерскиот тандем Висар Вишка-Драгана Левенска беше спореден со легендарните Марчело Мастројани и Софија Лорен.
Филмот викендов учествуваше и на Меѓународниот филмски фестивал во Хоф, Германија, а во ноември ќе биде прикажан во Тирана и во Њујорк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top