В среда, 29 октомври, Денот на Републиката, националниот празник на Турција, новиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се всели во нов дворец со 1000 соби и со површина од 210.000 квадратни метри, наречен „Ак сарај“ (Белата палата).
Новата палата на најмоќниот човек во Анкара ги засенува дворците на многу кралски резиденции во светот. На пример, Бакингамската палата со своите скромни 77.000 квадратни метри е бледа во споредба со Белата палата на Ердоган.
Дури мегаломанската палата на Чаушеску е трипати помала од палатата на турскиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.