Три лица починаа во Велика Британија откако беа извадени од водите на Атлантскиот Океан, пишува лондонскиот Гардијан.
Жена и двајца мажи сурфале вчера во близина на југозападниот округ Корнвол и биле видени од туристи на брегот. Очевидците забележале дека сурферите се соочуваат со тешкотии и дале сигнал до крајбрежната стража. Спасувачките екипи пристигнале брзо и од водите на океанот ги извадиле тројцата луѓе што биле во безсознание. И покрај напорите на лекарите, обожавателите на морскиот спорт починале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.