| четврток, 6 декември 2018 |

Поради жештините: Пет лица починале во Софија

Пет лица починале денеска во Софија како последица на високите температури кои надминале 35 степени, соопшти Итната медициснка помош. Меѓу починатите има и деца кои се на возраст од 13 до 17 години и еден 75 годипен маж кој трчал во парк.

Од Центарот за итна медициснка помош е соопштено дека поради високите температури до 13 часот денеска колабирале 179 лица.

Лекарите ги советуваат граѓаните да не излегуваат од дома и да пијат повеќе течности, бидејќи метеорозлоите за денеска предвидуваат дека е најтоплиот ден во Бугарија.

Во 17 бугарски области прогласен е црвен метеоаларм со температури до 44 степени, а во 11 области вклучувајќи ја и Софија портокалов метеоаларм со предупредување за температури до 41 степен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top