Обвинителството на Јужна Кореја денеска побара смрттна казна за капетанот на траектот „Севол“ поради несреќата во која во април годинава загинаа над 300 лица, во најголем дел ученици.
– Тој лаже и бара изговори. Не покажа ниту малку жалење, затоа бараме смрттна казна, изјави обвинителството пред судот, образложувајќи го барањето за изрекување смрттна пресуда за капетанот на траектот Ле Јонг-сеог (69).
Обвинителството бара казна доживотен затвор и за тројца високи членови на екипажот, на судењето со кое се опфатени уште 14 лица.
Ли и тројца високи членови на екипажот се обвинети за убиство со намерно занемарување, но обвинителството смета дека само капетанот треба да добие смрттна казна бидејќи тој носи најголема одговорност. За останатите 11 членови на екипажот, обвинителството бара казна затвор од 15 до 30 години.
На траектот „Севол“ се наоѓале 476 патници и членови на екипаж за време на несреќата на 16 април годинава. Само 174 лица се спасени во несреќата. Капетанот и поголем дел од екипажот биле меѓу првите што се евакуирале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.