| четврток, 6 декември 2018 |

Сексот на 18. место од 20 фактори за успешен брак

thumb

Почетокот на секоја врска е исполнет со страст, но по неколку години соживот, двојките споделуваат  што го одржува нивниот брак и, изненадувачки, сексот е на 18. место.

Во истражувањето учествувале 2.000 брачни двојки кои се во брак по најмалку десет години.

Резултатите покажуваат дека за среќен брак е најважна искрената комуникација.

Ова е првиот совет кој ветераните во брачниот живот им го даваат на помладите партнери.

Спротивно на мислењето на позелените парови, сексот воопшто не е најважен за една убава и долга врска.

Добриот секс е рангирана на 18. место на листата од 20 фактори кои го одржуваат бракот.

Пред него се трпението, искреноста , почитта и верноста. Многу е важна и вештината на двојките да прават компромиси.

Само 1 процент од испитаниците велат дека физичката хармонија е клучот кон среќниот брак.

Поважно е да имате смисла за хумор, да си поминувате добро заедно, никогаш да не одите на спиење скарани, а проблемите секогаш да се решаваат далеку од спалната соба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top