| четврток, 6 декември 2018 |

Од свадба во смрт, четворица загинати во страотен судар (Фото)

 1 / 8рица загинаа ноќеска во страотен судар на кружниот пат кај Белград додека се враќале од свадба.

судар

Четворица загинаа ноќеска во страотен судар на кружниот пат кај Белград додека се враќале од свадба.

На самото место загинале три момчиња и една девојка. Другата девојка на возраст од 20 години е тешко повредена и со возило на Итна помоше е префрлена во Ургентниот центар. Таму лекарите се борат за нејзиниот живот.

До сударот дошло околу полноќ, кога автомобилот „рено клио“ со белградски таблички во кој се наоѓале пет млади лица, налетал на шлепер со турска регистрација.

Реното се движело од Ресник кој Бубањ поток кога директно се судрило со камионот. Според зборовите на возачот на камионот, автомобилот наводно не возел право туку лево десно пред да удрат во шлеперот. Возачот на турскиот камион се обидел да ги избегне но не успеал во тоа. Загинатите патници во автомобилот се враќале од свадба. 

судар 3

Инаку во тешката сообраќајка возачот на камионот останал неповреден, а и камионот е незначително оштетен, додека реното е целсоно смачкано и пожарникарите морале да интервенираат за да ги извлечат несреќните момчиња и девојки, како и таа која се уште давала знаци на живот.

-Пожарникарите мораа да ги извадат предните седишта за да ги извлечат телата на момчињата и девојките. Ужасно беше – раскажуваат очевидци.

судар 4

Сообраќајот поради несреќата бил блокиран, па се создадал километарска колона додека не завршил полицискиот увид.

Еден од очевидците на несреќата, за српски Курир изјави дека откако се случила несреќата, видел како покрај жртвите поминале четири возила кои не застанале и можеле, а не повикале Итна помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top