| четврток, 6 декември 2018 |

Без победник на „Сан Сиро“

Екипите на Милан и на Фјорентина одиграа нерешено 1-1 во последниот натпревар од 8. коло во италијанската Серија А.

Фјорентина имаше поголем посед на топката, но пред сѐ поради тоа што се обидуваше да го израмни резултатот откако Милан поведе со голот на Де Јонг во 25. минута. Гостите во средината од вториот дел со голот на Иличиќ го израмнија резултатот и ги поставија конечните 1-1.

Милан по две последователни победи повторно киксна, и тоа пред домашната публика. Па, така остана на шестата позиција со 15 бода, односно седум помалку од лидерот Јувентус, додека Фјорентина остана на 11. место на табелата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top