
Овој понеделник се очекува променливо и релативно студено време. Во текот на денот ќе има умерена облачност со подолги сончеви периоди. Не се очекуваат врнежи.
Повторно ќе дува северен и североисточен ветер, но ќе биде слаб.
Според „Метеопро“, дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност 11 Целзиусови степени во северната половина на земјата. Во котлините од југозападниот регион максималната ќе достигне до 10 Целзиусови степени, а во југоисточниот регион 14 Целзиусови степени.
Во скопскиот регион денот ќе биде умерено облачен со подолги сончеви периоди. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност до 12 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


