| четврток, 6 декември 2018 |

Неверството не повредува најмногу, погледнете што може да повреди

 Читателите на „Hafington Post“ откриле што е тоа што најмногу ги повредува. Дознавме дека неверството боли, но не и најмногу.На темата што најмногу ве или би ве разочарало, читателите со задоволство одговориле, а ова се нивните одговори:

„Тој едноставно се откажа од нашата врска и тоа без никаква причина. Помило би ми било да ме изневерувал, но тој само рече: Повеќе не те сакам“.

„Доверување на друг маж, а не на мене, тоа би ме повредило повеќе од било какво изневерување“.

„Финансиската измама е полоша од онаа физичката. Физичката значи дека само ги задоволува своите потреби, но финансиската покажува дека личната корист му е поважна од мојата“.

„Криење на зависноста од дрога или алкохол би била многу полоша од неверство“.

„Најголемо разочарување би ми било кога би ми рекла дека не сака да има со мене деца, односно не сака јас да бидам таткото на нејзините деца“.

„Делењето на моите тајни со другите без моја дозвола, тоа би било поголемо предавство отколку била која измама“.

„Лажењето е најголемата измама. Може да се случи да се напиеш и да спиеш со некого, но ако ја кажеш вистината, постои шанса тоа сепак некако да го надминете. Но ако лажеш за тоа, тука веќе работата е готова“.

„Зборувањето зад грб и издавање пред моите родители“.

„Постојано лажење“.

„Давање пари на своето семејство, но зад мој грб“.

„Моментот кога би ми рекол дека повеќе не му се допаѓам, односно дека не му се допаѓа мојата личност“.

Прочитано:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top