Не се согласувам со тоа САД да биде единствен господар на светот. Тоа може да доведе до незивесност и хаос и нерамнотежа во меѓународните односи. Американското инсистирање на нивните варијанти на „мирно решавање на судирите“ предизвикува спротивен ефект, рече рускиот претседател Владимир Путин на состанокот во Сочи.
Тој напомена дека поради тоа сме „сведоци на тоа да наместо се смируваат судирите, доаѓа до нивна ескалација. Наместо да се засилуваат суверените држави, сведочиме за ширење на многу простори, хаос наместо демократија, поддржување на разноразни ликови од националисти до исламски радикали“.
Пред говорот Путин напомена дека нема да говори со дипломатски јазик на „лаги и двосмислености“.
– Дали начинот на кој САД ја реализира својата водечка улога во светот е она кон што се стремиме? Донесува ли тоа навистина напредок и мир, запраша Путин.
Рускиот претседател напомена дека е голема грешка што САД се прогласија за победник на студената војна. Според мислењето на Владимир Путин, на дело е обид за создавање на нов светски поредок и му дојде крај на светот кој е воспоставен по Втората светска војна. Но, смета дека тоа не се случува како порано, во историјата, поради глобалната војна, туку поради низа помали, но интензивни ликални судири.
Путин смета дека е доведен во прашање националниот суверенитет на многу држави бидејќи, како што вели, само режимите и системите кои изразуваат лијалност на тоа единствено светско средиште на влијанија можат да сметаат на опстанок.
Од друга страна, Путин рече дека Русија нема „империјалистички амбиции“, и не сака на САД да и возвраќа со иста мера.
– Русија не бара за себе некакво ексклузивно место во светската политика, но бара да се земат во предвид руските национални интереси и позицијата.
– Немаме намера да се враќаме на нашето тоталитаристичко минато. Тоа би не одвело во слепа улица, истакна Путин. Во својот долг говор тој ги повика ЕУ и САД да се откажат од воведените санкции против Русија бидејќи тоа го „кочи економскиот развој на сите земји“.
Путин нагласи дека Русија ќе ги признае резултатите од украинските парламентарни избори и дека Русија не го загрозува територијалниот интегритет на Украина. Во говорот не го спомена порано анектираниот Крим.
На прашањето како ги коментира зборовите на заменикот началник на својот кабинет Вјачеслав Володин дека „без Путин нема ни Русија“, рускиот претседател одговори:
– За мене Русија е целиот мој живот. Не би можел да живеам надвор од Русија и без Русија ниту една секунда. Јас сум најголемиот руски националист бидејќи се грижам за нејзините национални интереси. Но, Русија може и без мене.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


