| четврток, 6 декември 2018 |

Даријан „предава“ програмирање на 12 години

seeu prezentacija 3 22
Најмладиот учесник на презентациитe од областа на информатиката пред студентите на ФИНКИ и на Универзитетот на југоисточна Европа, организирани неодамна, беше Даријан Шекеров.

Даријан е и најмладиот учесник на сите натпревари по информатика меѓу средношколците. Всушност Даријан е само седмооделенец, но своите знаења за програмирањето ги споредува со многу постари и поискусни од себе. Но тоа не му пречи да освојува и места- на два пати го зема третото место на државно ниво.

seeu prezentacija 2 22
Талентот на Дарјан е неоспорен, за него се заинтересирале и професорите на ФИНКИ, и професори од други институции. За среќа, неговата дарба ја забележале и стимулирале родителите кои двоеле средства за, рака на срце, и не така евтините курсеви по информатика.

diploma 2014
Даријан до сега во рака ги има дипломите за C++, Visual Basic за Windows апликации, Visual Basic за Web апликации, HTML и CSS, C# и Јava. Меѓу другото има создадено и свои апликации за компјутер и за андроид.

Покрај курсевите, Даријан и сам се надградувал, а сега е во „рацете“ на менторот Борис Попов, професор по информатика, кој преку Агенција за талентирани деца- информатичари, го подготвува за натамошни натпревари во информатиката.

nokia lab
Во време кога сè повеќе родители се борат со децата да ги оттргнат од комјутерите, таблетите или паметните телефони, за да поиграат надвор, ова е само еден пример дека доколку се увиди талент кај децата, тој треба да се развива. Макар бил и „пред монитор“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top