| четврток, 6 декември 2018 |

Осудени заради неодобрено протестирање

egypt-trialsДваесет и тројца продемократски активисти денеска беа осудени во Каиро на по три години затвор заради учество во неодобрени протести, соопшти ДПА.

Тие беа обвинети за учество во бунтови, незаконско поседување оружје и оштетување туѓа сопственост за време на демонстрациите во текот на јули, во близина на претседателската палата во Каиро.

Судот, освен тоа, на секој од осудените му одреди и парична казна од по 10.000 египетски фунти (1.400 долари).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top