Нигериски шверцер на дрога бил оставен да умре на главниот аеродром во Мадрид откако неколку пакетчиња кокаин му прснале во желудникот. На Нигериецот речиси еден час не му била пружена медицинска помош бидејќи постоел сомнеж за ебола, откако човекот почнал неконтролирано да се тресе на подот, пренесува шпанскиот весник „Ел Мундо“.
Шверцерот на мадридскиот аеродром „Барахас“ стигнал со лет на „Туркиш Ерлаинс“ од Истанбул, a набргу починал, покажувајќи симптоми на предозираност со кокаин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.