| четврток, 6 декември 2018 |

Фенингер и Шифрин го поделија првото место

Австријката Ана Фенингер и Американката Микаела Шифрин го поделија првото место на првиот велеслалом во новата сезона од Светскиот куп во алпско скијање возен денеска во австриски Зелден.

Победничкото време за двете натпреварувачки изнесуваше две минути, 39 секунди и 85 стотинки.

За Шифрин ова беше јубилејна десетта победа во Светскиот куп, Феингер има една помалку.

Третото место и припадна на домашната натпреварувачка Ева-Марија Брем.

Во Зелден утре ќе за одржи и првата трка кај скијачите. И тие ќе се натпреваруваат во дисциплината велеслалом.
Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top