Готови се резултатите од земаните мостри од штипската слаткарница и супермаркетот, од каде пациентите заболени од салмонела посочија дека јаделе еклери. Салмонела не е откриена, но во брисевите земени од производствениот дел во слаткарницата пронајдени се ентеробактерии, односно фекални индикатори кои укажуваат дека хигиената била на ниско ниво.
Брисевите од еклерите и тестата за торти биле негативни на бактерии. Денес санитарниот инспекторат издаде наредба да се изврши целосна дезинфекцика на објектот, а од вработените да се земат контролни брисеви. Слаткарницата ке биде oтворена откако резултатите ке бидат негативни на бактерии. Бидејки не е пронајдена салмонела во објектите и храната, епидемиолозите сметаат дека станува збор за секундарно загадување.
Во моментот состојбата на десетмината хоспитализирани на штипско инфективно е стабилна. За тројца се чекат резултати, а петмина се пуштени на домашно лекување. Мегу нив има три деца,а останите пациенти заболени од салмонела се на различна возраст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.