Време е за „Ел Класико“, за дуелот на вечните ривали Реал Мадрид и Барселона, за нов спектакл, веројатно највреден на клупски план на планетата. Епизодата број 169 во шпанската лига ќе се одигра на „Сантјаго Бернабеу“ во Мадрид денеска од 18 часот.
Роналдо против Меси, Шпанија против Каталонија, со деби на Луис Суарез, со многу возбуда, пред околу половина милијарда луѓе колку што се проценува дека ќе го гледаат најголемото светско фудбалско дерби на земјината топка.
Ривалитетот на Реал Мадрид и Барселона по многу параметри е посебен, специфичен, единствен, а магијата молскавично ги надмина границите на Иберискиот полуостров. Двата клуба се магнет за навивачите не само во Шпанија, а проценката е дека заедно имаат околу 90 милиони симпатизери на сите делови од земјината топка.
Посебен шмек во последно време даваат и двете големи фудбалски ѕвезди Роналдо и Меси, веројатно двајцата најдобри фудбалери на денешницата.
Тие ќе бидат во строј, подготвени за битка, а на фудбалскиот саем во Мадрид ќе ги гледаме и Џејмс Родригес, Нејмар, Модриќ, Чави, Иниеста, Крос и уште дузина светски марки. Се очекува за Барселона да дебитира и Луис Суарез.
Во март годинава „Ел Класико“ го следеа точно 400 милиони луѓе, а рекордот е од ноември 2005 кога половина милијарда фудбалски фанатици преку ТВ екраните го проследија натпреварот во кој Барселона со 3-0 го совлада Реал во Мадрид.
Во шпанското првенство, или во популарната Примера Дивизија двата клуба играле меѓусебе 168 пати, а поуспешен е Реал со 70 победи, наспроти 66 на Барса, со 32 нерешени резултати.
Вкупно натпревари на двата тима: 261
Барселона 108 победи, Реал Мадрид 95 победи, 58 пати нерешено
Највисока победа: Реал Мадрид – Барселона 11-1, во 1943 година
Барселона – Реал Мадрид 7-2 во 1950 година
Најдобри стрелци: Лионел Меси (Барселона) 14 во првенство, 21 во сите натпреварувања
Алфредо Ди Стефано (Реал Мадрид) 14 во првенство, вкупно 18
Најмногу настапи на Ел Класико: Мануел Санчис (Реал Мадрид) 43, Чави Ернандес (Барселона) 40
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија