| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалска магиjа од новиот миленик на македонската публика

Со са­мо не­кол­ку на­ста­пи за на­ша­та ре­пре­зен­та­ци­ја 24-го­диш­но­то ле­во кри­ло на Ло­ке­рен ги со­бра сим­па­ти­и­те на пуб­ли­ка­та и на спорт­ска­та јав­ност кај нас. Оста­ва си­лен впе­ча­ток со ква­ли­те­тот и, осо­бе­но, со бор­бе­но­ста. За мом­че­то со злат­на ко­са не­ма за­гу­бе­на топ­ка, а се истак­на и со уба­ви дриб­лин­зи, сил­ни уда­ри и од­ли­чен прег­лед на игра, од­нос­но со си­те по­треб­ни ква­ли­те­ти за еден вр­вен фуд­ба­лер

Ви­стин­ска фуд­бал­ска ма­ги­ја ни до­не­се но­во­пе­че­ни­от ма­ке­дон­ски фуд­бал­ски ре­пре­зен­та­ти­вец Бе­сарт Аб­ду­ра­хи­ми, а не­го­ви­от евро­гол за по­бе­да над Лу­ксем­бург дол­го ќе се вр­ти на те­ле­ви­зи­ски­те екра­ни. Во ви­стин­ско вре­ме за пре­сврт, за вра­ќа­ње на оп­ти­миз­мот, нас­ме­вки­те и на­де­жи­те за под­виг и евен­ту­а­лен плас­ман на ЕП во Фран­ци­ја. Аб­ду­ра­хи­ми и про­тив Укра­и­на по­ка­жа ква­ли­тет и бор­бе­ност, со што сѐ по­ве­ќе ги со­би­ра сим­па­ти­и­те во Ма­ке­до­ни­ја.

Не­го­ви­те ро­ди­те­ли се од го­сти­вар­ско­то се­ло Гра­дец, а тој е ро­ден во За­греб, ка­де што ги на­пра­вил пр­ви­те фуд­бал­ски че­ко­ри.

Ле­во­то кри­ло на бел­ги­ски Ло­ке­рен има са­мо 24 го­ди­ни, а игра опас­но до­бро и во Ју­пи­лер ли­га­та и во ре­пре­зен­та­ци­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја.

– Ми го­дат комп­ли­мен­ти­те, но јас не доз­во­лу­вам да ме опи­јат до­бри­те збо­ро­ви. Та­ка сум на­у­чен од пи­о­нер­ски де­но­ви. Фуд­бал поч­нав да играм на шест го­ди­ни, ка­ко и си­те де­ца. На по­че­ток не бе­ше ни­што се­ри­оз­но, сѐ до­де­ка тре­не­ри­те не ги пре­поз­наа та­лен­тот и ква­ли­те­тот. Ги ми­нав си­те мла­дин­ски се­лек­ции на Хр­ват­ска и бев дел од ед­на су­пер­та­лен­ти­ра­на се­лек­ци­ја на „коц­ке­сти­те“, за­ед­но со Иван Ра­ки­тиќ, Де­јан Ло­врен, Иван Пе­ри­шиќ… За­ед­но ми­нав­ме низ два ква­ли­фи­ка­ци­ски цик­лу­си. Се­га сум во нов тим, но­ва ре­пре­зен­та­ци­ја и пред нов пре­диз­вик. Се­ка­ко де­ка ми е цел да играм со Ма­ке­до­ни­ја на го­ле­мо нат­пре­ва­ру­ва­ње, а зо­што да не и во Фран­ци­ја на Европ­ско­то пр­венс­тво во 2016 го­ди­на – ве­ли Аб­ду­ра­хи­ми.

 

Ка­кви ни се шан­си­те за пат во Фран­ци­ја, ма­кар и пре­ку ба­раж-нат­пре­ва­ри?
Абдурахими: Ка­ко спор­тист и про­фе­си­о­на­лец, ни­ко­гаш не се отка­жу­вам. Оп­ти­мист сум и овој­пат и ве­ру­вам де­ка мо­же­ме да на­пра­ви­ме под­виг со плас­ман на ед­но од пр­ви­те три ме­ста. Игра­ме сѐ по­до­бро, а тре­ба да се на­со­чу­ва­ме са­мо кон след­ни­от нат­пре­вар. На­ше е ма­кси­мал­но да се бо­ри­ме до крај, а да­ли ќе би­де до­вол­но, ќе зна­е­ме по ду­е­лот со Шпа­ни­ја во Скоп­је на 8 сеп­тем­ври ид­на­та го­ди­на.

 

Игра­ше за Хр­ват­ска во шест во­зрас­ни ка­те­го­рии, во се­лек­ци­и­те од 16 до 21 го­ди­на, а се го­во­ре­ше де­ка и Ал­ба­ни­ја е за­ин­те­ре­си­ра­на да те ви­ди во сво­и­те ре­до­ви. Ка­ко од­лу­чи да го но­сиш ма­ке­дон­ски­от дрес во се­ни­ор­ска кон­ку­рен­ци­ја?
Абдурахими: Од се­лек­ци­ја­та до 16 го­ди­ни и се­кој цик­лус на­та­му до мла­дин­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја за фуд­ба­ле­ри до 21 го­ди­на ре­дов­но на­ста­пу­вав за хр­ват­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја. Ве­ро­јат­но бе­ше ло­гич­но да про­дол­жам во А се­лек­ци­ја­та, но по­ви­кот изо­ста­на. Пр­ви ме кон­та­кти­раа по­кој­ни­от Пе­тар Ми­ло­шев­ски и Ар­џент Бе­ќи­ри. Се­ка­ко, и се­ле­кто­рот Бо­шко Ѓу­ров­ски бе­ше за­ин­те­ре­си­ран да играм за Ма­ке­до­ни­ја и од­лу­чив да на­ста­пу­вам за зем­ја­та во ко­ја се ро­де­ни мо­и­те ро­ди­те­ли. Имам двој­но др­жав­јанс­тво и це­ла­та про­це­ду­ра бр­зо се за­вр­ши, па де­би­ти­рав на нат­пре­ва­рот со Ка­тар.

 

Besart-Abdurahimi-int111-2

По­го­ден па­ја­кот на мре­жа­та на Жо­бер, го­лот про­тив Лу­ксем­бург нај­у­бав во вто­ра­та рун­да

Те­че 92. ми­ну­та од ду­е­лот со Лу­ксем­бург, Ма­ке­до­ни­ја очај­но ба­ра по­бе­да на са­ми­от крај од ду­е­лот со ау­тсај­де­рот, а спа­сот стиг­на со ви­стин­ски про­е­ктил на Аб­ду­ра­хи­ми. Мом­че­то со злат­на ко­са по­стиг­на зла­тен гол за три­умф од 3-2. Со дес­на но­га, отко­со од ра­бот на шес­на­е­сет­ни­кот, лет­на ви­стин­ски про­е­ктил во ма­ли­от го­рен де­сен агол од го­лот на Жо­бер. Сил­но, пре­циз­но, не­до­стиж­но за двај­ца гол­ма­ни, не са­мо за чу­ва­рот на мре­жа­та на Лу­ксем­бург. За пр­ви бо­до­ви во гру­па­та Ц, за на­деж де­ка мо­же­ме да оче­ку­ва­ме под­виг и рам­но­прав­на би­тка за ед­но од чел­ни­те три ме­ста во кон­ку­рен­ци­ја на Сло­вач­ка, Шпа­ни­ја, Укра­и­на, Бе­ло­ру­си­ја и на Лу­ксем­бург. А, го­лот на Бе­сарт си го нај­де сво­е­то ме­сто на ТВ-екра­ни­те на ре­но­ми­ра­ни­те те­ле­ви­зии и е из­бран за нај­у­бав гол на вто­ра­та ква­ли­фи­ка­ци­ска рун­да за плас­ман на ЕП 2016 во Фран­ци­ја.

 

По­го­до­кот про­тив Лу­ксем­бург стиг­на во ви­стин­ско вре­ме, во фи­ни­шот за пр­ва ква­ли­фи­ка­ци­ска по­бе­да. Ќе има ли уште та­кви евро­го­ло­ви?
Абдурахими: Бев пре­сре­ќен што по­го­див на ви­стин­ско­то ме­сто и во ви­стин­ско­то вре­ме. Се на­де­вам де­ка ќе про­дол­жам да би­дам пре­ци­зен и де­ка ќе има уште та­кви го­ло­ви за Ма­ке­до­ни­ја. Важ­но е тие да би­дат во функ­ци­ја на ус­пе­си­те на ре­пре­зен­та­ци­ја­та, да има­ат ефект, да се осво­ју­ва­ат бо­до­ви. По­са­ку­вам да би­де­ме си­лен и дис­цип­ли­ни­ран со­став. Со игра­та про­тив Лу­ксем­бург и со Укра­и­на по­ка­жав­ме де­ка со ма­кси­мал­на бор­бе­ност мо­же­ме рам­но­прав­но да ѝ се спро­тив­ста­ви­ме на се­ко­ја се­лек­ци­ја во на­ша­та ква­ли­фи­ка­ци­ска гру­па.

 

Сло­вач­ка е след­на­та ре­пре­зен­та­ци­ја ко­ја ќе го­сту­ва во Скоп­је. Ли­де­ри се и игра­ат од­лич­но. По­стои ли ре­цепт ка­ко да ги из­не­на­ди­ме?
Абдурахими: Оче­ку­вам до­бра прет­ста­ва и три бо­да со по­мош на пуб­ли­ка­та. Сло­ва­ци­те се опас­ни, но за се­ко­го има лек. Се на­де­вам де­ка ќе ги со­пре­ме иа­ко е јас­но де­ка се­лек­ци­ја што ги по­бе­ди­ла Шпа­ни­ја, Укра­и­на и Бе­ло­ру­си­ја не мо­же да би­де сла­ба. Со под­др­шка од три­би­ни­те, кои се на­де­вам де­ка ќе би­дат пол­ни про­тив Сло­ва­ци­те, се­ка­ко де­ка мо­же­ме да ос­тва­ри­ме до­бар ре­зул­тат. Јас лич­но се на­де­вам на по­бе­да.

 

До­бри­те игри пре­диз­ви­каа ин­те­рес и од го­ле­ми­те европ­ски клу­бо­ви. Се нај­а­ву­ва де­ка То­тен­хем под­го­тву­ва по­ну­да. Ќе се пре­се­лиш ли на бри­тан­ски­от остров?
Абдурахими: Мо­и­те ам­би­ции се еден ден да за­и­грам во не­ко­ја од топ 5 ли­ги­те во Евро­па. Анг­ли­ја и Пре­ми­ер­ли­га­та, ве­ро­јат­но нај­до­бра­та на све­тот, се ме­ѓу нив и се­ка­ко де­ка тоа би би­ло ос­тва­ру­ва­ње на мо­јот сон. Но, до­де­ка евен­ту­ал­ни­от транс­фер не се ре­а­ли­зи­ра, јас сум играч на Ло­ке­рен и ќе оста­нам по­све­тен на мо­јот се­га­шен клуб. Се­ка­ко, и на до­бри­те игри во ре­пре­зен­та­ци­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја, ка­де што сѐ по­ве­ќе се вкло­пу­вам. Са­мо да про­дол­жам во ист ри­там и да ме пос­лу­жи здрав­је­то, па ќе ви­ди­ме што ќе би­де во ја­ну­а­ри.

 

(Пишува: Зоран Поповски
Фото: Ѓорѓи Личовски
Текст објавен во 111. број на неделникот „Република“, 17.10.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top