Карл Лагерфилд ги здружил силите со Фарел Вилијамс. Главниот дизајнер на „Шанел“ го ангажирал изведувачот на “Happy” во нов моден филм, кој ќе биде емитуван за време на презентацијата на есенската колекција на Лагелфелд „Париз – Салзбург“ на втори декември.
Пејачот веќе има работено со модни марки како „анигло“ „адидас“ и „кому де гарисон“ (Uniqlo, Adidas и Comme des Garçons), исто така соработувал со поранешниот службеник на „Хермес“ ( Hermès) и актуелен дизајнер на „Рамес нар (Ramesh Nair) на создавањето на серија чанти.
На прашањето за односот меѓу модата и музиката, Фарел изјавил: „ Тие се многу различни , но да, има и сличности. Имаме седум ноти и седум различни бои. Имаме музички жанрови и различни видови и стилови мода“.
Во филмот, кој бил фотографиран во париското студио на дизајнерот, учествуваат и Кара Делевин и шестгодишниот модел Хадсон Крониг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





