| четврток, 6 декември 2018 |

Љубоморно момче му порача на Обама: Не пипкај ја мојата девојка! (видео)

Не е чудно момчето да биде малку љубоморно ако помисли дека некој се обидува да ѝ се приближи на неговата девојка. Но, да му речете в лице на претседателот  на Америка да се повлече… за тоа, навистина, е потребно да се има храброст.
Токму ова му се случило на Барак Обама, кога ја сретнал девојката по име Аја Купер на едно гласање во Чикаго. Додека гласале еден покрај друг, во присуство на многубројни телевизиски камери и голем број агенти за обезбедување, им пришло нејзиното момче Мајк и му рекол на Обама:
– Не пипкај ја мојата девојка.
Девојката се скаменила и се преплашила. Веднаш потоа го замолила Обама да му прости на нејзиното момче. За среќа, Обама во сето тоа видел шеговита забелешка. Потоа ја прегрнал, ја бакнал во образ и рекол:
– Мене бакни ме, а нему дај му материјал за приказна. Е сега е, навистина, љубоморен!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top