Претседатлот на Република Српска и лидер на Сојузот на независните социјалдемократи (СНСД) Милорад Додик синоќа соппшти дека неговата партија постигнала договор со Демократскиот народен сојуз (ДНС) и со Социјалистичката партија (СП) за формирање коалициска влада во српскиот ентитет во Босна и Херцеговина.
Додик нагласи дека ваквиот договор бил постигнат на неговата вчерашна средба со лидерите на ДПС, Марко Павиќ и на СП, Петар Ѓокиќ.
Говројеќи на јавна трибина на СНСД, Додик нагласи дека Република Српска е стабилна држава и дека редовно ги извршува своите обврски кон буџетските корисници.
Осврнувајќи се на обвинувањата на лидерот на опозицската Српска демократска партија (СДС), Младен Босиќ дека неодамнешните избори не се легални, Додик оцени дека ваквите изјави се последица на фактот што СДС претрпе пораз на тие избори и што „партијата се распаѓа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.