| четврток, 6 декември 2018 |

Кога ќе му се суди на убиецот на Тијана?

Судењето на монструмот Драган Ѓуриќ кој е осомничен за убиство на 15-годишната Тијана Јуриќ ќе започне во јануари идната година.

Според неофицијални информаци од истрагата завршено е вештачењето на облеката и предметите, но не и на возилото со кое месарот управувал ноќта кога тој ja грабнал, претепал, силувал и убил 15-годишната Тијана.

До почетокот на судењето обвинетиот ќе остане во затворот во Суботица.

Додека се чека подигнување на обвинението против убиецот Ѓуриќ, семејството на Тијана и понатаму се залага за донесување на „Тијанин закон“ според кој полицијата ќе започнува истрага веднаш по изчезнувањето на некое лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top