Семејството на Дениса Маркоска ги доби резултатите од ДНК анализата, потврдуваат за Press24 извори од истрагата. Изворот не сакал да открие дали ДНК анализата потврдила дека телото што беше пронајдено во грчките води припаѓа на Дениса Маркоска и за повеќе информации упатуваат кај семејството.
Извори од семејството на Дениса за Press24 потврдуваат дека пронајдениот женски труп е на Дениса Маркоска, но не откриваат повеќе детали.
Дениса Маркоска за последен пат беше видена на 13 септември на бродот Серенисима каде што работела во моментот кога тој пловел кон Крит. Од тогаш и се губи секаква трага. На почетокот, по опсежна потрага, таа беше пронајдена во водите на Егејското Море.
Се уште информации во какви околности настапила смртта
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.