| четврток, 6 декември 2018 |

Британија заедно со САД против ИД во Сирија

џихад

 Велика Британија би можела „рамо до рамо“ со САД да ги води операциите против џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Ирак и Сирија, изјави американскиот генерал Џон Ален по средбата со британскиот државен секретар Филип Хемонд.

– Ние се боревме рамо до рамо во Ирак, а такви бевме и во Авганистан – истакна Ален на прашањето за британско-американската алијанса против екстремистите на ИД.

Координаторот на операцијата, која САД ја водат против ИД, нагласи дека „тие се во тесни консултации и смета дека наскоро би можеле да бидат заедно во оваа борба“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top