| четврток, 6 декември 2018 |

Италијанец се пензионирал по 35 години боледување

rudarРударот Карло Кани од Италија уште во 1980 година заминал на боледување поради клаустрофобија. Со помош на лекарите никогаш повеќе не се вратил на работа, а во 2006 година се пензионирал. Тој речиси и не работел во рудник пред да замине на 35-годишното боледување.

 – Рударството никогаш не ми се допаѓало. Признавам, стасав до пензија ништо не работејќи. Правев се што можев за да не се симнувам во јамата. Во тоа ми помогнаа и лекари, изјавил Карло.

Во меѓувреме, тој користел различни изговори за да го продолжи боледувањето: од клаустрофобија, преку хемороиди, амнезија… Кога му снемало изговори, си ставил прав од јаглен во очите за да изгледа болен.

– Главно, останував дома и слушав џез. Многу ја сакам музиката, уживав и седејќи во фотелја и не работејќи ништо, раскажал тој.

Медиумите во Италија едвај го дочекале случајот за да укажат на законските дупки што Италијанците мошне често ги користат оштетувајќи го државниот буџет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top