| четврток, 6 декември 2018 |

Рекорден број повлечени возила

2005 FORD MUSTANGВо 2014 година врз основа на различни отповикувања во САД се опфатени 52 милиони возила, со што е соборен неславниот рекорд во бројот на повлечени возила, иако годината се уште не е завршена. Производителите на автомобили во досегашниот период од годината извршиле 544 повлекувања во САД поради голем број сериски дефекти на нивните возила. Тоа значи дека во просек дневно се вршени по две отповикувања.

На вонреден сервис поради преглед и евентуална замена на проблематичните делови отповикани се дури 52 милиони сопственици на спорни возила. Досега најлоша година по бројот на повлечени возила на пазарот во САД е 2004 година, кога за 12 месеци се отповикани 30,8 милиони возила. Од вкупниот број повлечени возила, или 26,5 милиони, произведени се од Џенерал Моторс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top