Порано или подоцна секоја девојка сфаќа дека нејзината мајка била во право кога ја советувала дека треба да чисти, да биде уредна, што треба да се купува и со кого треба да биде во врска.
Еве кои се знаците дека сте се претвориле во својата мајка:
1. Почнавте на своите деца да им зборувате некои работи како што се: „Не ми е грижа што тоа не е фер“ или „Затоа што јас така кажав“. Сфаќате дека речениците што ве полудувале во детството, почнале да имаат смисла.
2. Ви треба многу време за да излезете од станот. Дури откако ќе ја заклучите влезната врата од дома, се прашувате дали ја исклучивте или не пеглата од струја.
3. Не се снаоѓате многу со новата технологија. Како се вклучуваше овој таблет?
4. „Сè примате при срце“ дури и кога некој нема да ве поздрави или кога се однесуваат дрско со вас.
5. Не одите во набавка на намирници без претходно направен список.
6. Повеќе не ве интересираат топ-листите на популарната музика и редовно ги молите пријателите да го намалат звукот.
7. Сфаќате дека вашата мајка била во право цело време: кратките маици до папок се, навистина, глупав избор на вашата ќерка по ова ладно време, а и изборот на нејзиниот партнер воопшто не ви се допаѓа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се заљубила во очувот додека тој се женел за мајка ѝ, крајот е како од шпанска серија (фотo)
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Пораснаа децата на поранешниот претседател, Борис Трајковски!
-
Живот од бајките со трагичен крај: Ова е убавата ќерка на сопственикот на Лестер која загина со татко и