| четврток, 6 декември 2018 |

Прогласен портокалов код за невреме во седум области во Бугарија

Bugarija

Во седум области во Бугарија е прогласен портокалов код за невреме проследено со дожд и ветер, соопшти бугарското Министерство за животна средина и води.

Според прогнозите, како што јави БТА, претстојнава ноќ големо количество врнежи ќе има во западните региони на земјата и над Родопите.

Утре во текот на денот врнежите ќе ја зафатат целата земја, при што се очекува за едно деноноќие да наврнат меѓу 15 и 30 литри дожд на квадратен метар. На одредени места во Родопите, Предбалканот и западните области од Бугарија врнежите ќе достигна и од 50 до 60 литри на квадратен метар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top