Валентина Туфина е уапсена во јуни годинава од страна на косовската полиција и се смета за „мозок“ на моќни нарко дилери кои имаат развиена мрежа преку Латинска Америка кон Европа.
И покрај тоа што е зад решетки, Интерпол деновиве објави дека таа е меѓу илјадниците луѓе по кои е распишана потерница.
Позната по прекарот „Тетка“, Валентина патувала на три континенти за еден месец за да тргува со хероин и кокаин. Таа според обвинителството с товари за тешки кривични дела.
За еден месец патувала седум пати во неколку европски земја, во Кина, Австралија, а потоа во САД.
Педесет годишната жена, која по струка е хемиски инженер на 23-ти јули патувала од Тирана за Словенија, а истиот ден со транзител лет заминала од Љубљана за Германија каде останала на меѓународниот аеродром во Минхен.
Од Германија следниот ден заминала за Пекинг, а на 25-јули од Пекинг полетала за Шангај. Истиот ден заминала за Мелбурн, Австралија.
Уапсена е во Косово каде направила лабораторија за преработка на кокаин и хероин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.