| четврток, 6 декември 2018 |

Осветлена клучката Кадино, инвестиција вредна 4,5 милиони денари

avtopat

Јавното претпријатие за државни патишта ја осветли клучката Кадино, која е дел од автопатот „Александар Македонски“. Со ова од почетокот на годинава се осветлени вкупно околу 10 километри патишта за што се инвестирани околу 35,5 милиони денари.

Клучката Кадино е осветлена со 22 канделабри, од кои 10 се двокраки и 12 еднокраки, а осветлувањето е изведено со систем на намалување на електричната енергија. За овој зафат се вложени 4,5 милиони денари.

– Станува збор за осветлување во вкупна должина од 1.100 метри за што се инвестирани 4,5 милиони денари. Планирано е и осветлување на клучката кај Куманово, за која се очекува активностите да почнат кон крајот на оваа година, како и осветлување на клучката пред влезот во Радовиш – изјави денеска директорот на ЈП за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Од почетокот на годинава осветлување добијаја и клучката Тетово – Југ, клучките на влезовите во Прилеп и во Штип, раскрсницата пред Вевчани и влезот во Гостивар, по наплатната станица.

Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, од 2013 година досега се инвестирани три милиони евра за осветлување на вкупно 30 километри автопатишта, магистрални и регионални патишта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top