| четврток, 6 декември 2018 |

Турција во паника – сомневања за ебола во северозападниот дел

ebola_afrika-640x400-600x375Сомневања за пациент болен од ебола предизвикаа паника во округот Коџаели, во северозападна Турција, пренесува турската приватна телевизија НТВ. Пациентот е сместен во болница во градот Деринџе, вклучена во списокот на Министерството за здравство со медицинските установи кои ќе се занимаваат со случаи како овој. Поради сомневањата за болен од смртоносната болест, во болницата не се прифаќаат други пациенти. Повеќе детали не се соопштуваат. Турското Министерство за здравство подготви насоки за активностите на медицинските лица во земјата при ризик од ебола, посочувајќи  45 болници, во 36 од 81 окрузи на Турција, каде што ќе можат да бидат прифатени пациенти со сомневања за заразни болести. Исто така, се предвидуваат чекори кои треба да бидат преземени од цивилното воздухопловство во однос на патниците кои пристигнуваат од ризичните држави.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), 4033 луѓе во светот починале од ебола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top