В сабота, на 25 октомври, во „Веро центарот“ по шестти пат ќе се одржи традиционалната манифестација ′„ИНТЕРСКОПКЕЈКС 2014′′. Покровител на манифестацијата е Град Скопје, а организаатор на настанот е Хуманитарната организација ХОА – Ангелчиња. Овој проект произлегува од Програмата за финансирање на проекти за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата на Град Скопје за 2014 година.
Граѓаните и посетителите на Скопје ќе имаат можност да уживаат во креациите на аматери и на професионалци од земјава и од странство, а годинава своето учество го најавија кандидати од осум држави. Тортите коишто ќе учествуваат на натпреварот по завршувањето на манифестацијата ќе бидат подарени на социјално-загрозени семејства.
Манифестацијата ќе биде поделена во два дела. Ревијалениот дел од манифестацијата ќе се одржи од 12 до 17 часот, кога граѓаните ќе имаа можност да ги разгледаат изложените торти и изложбените штандови, ќе гласаат според нив за најдобрата торта, притоа уживајќи во богатата, а официјалениот дел ќе трае од 17 до 19:30 часот, кога ќе се прогласат најдобрите изложбени штандови, а воедно и ќе се прогласат победничите торти во двете категории кои ќе бидат симболично наградени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.