| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците останаа без бугарски пасоши

dokumenti bugarski
Советот за државјанство на Бугарија ги отфрлил првите 200 незаконски поткрепени барања за бугарско државјанство, откако беа откриени големи пропусти во работата на Државната агенција за Бугарите во странство, во врска со издавањето потврди за бугарско потекло без соодветни докази и документи, пишува „Дневник“.

Одбиените барања биле со незаконски потврди за бугарско потекло и роднински врски со Бугарија, туку само со рачно пополнети изјави на кандидатите за бугарска самосвест.

Многу од кандидатите, пак, биле муслимани и не го знаеле бугарскиот јазик. Во наредниот период ќе бидат разгледани уште стотици вакви спорни барања. Засилените мерки против пасошката мафија се преземени откако Државната агенција за Бугарите во странство одбила да соработува со Министерството за правда и Врховното обвинителство, кои уште минатата година утврдиле низа недоследности и незаконско работење во оваа институција.

Македонците и натаму остануваат први на листата со добиени бугарски пасоши. Од вкупно 4.578 лица, кои добиле бугарско државјанство во првите девет месеци од оваа година, 1.720 се Македонци.

Минатата година, пак, 4.852 Македонци обезбедиле бугарско државјанство од вкупно издадените 7.701 уверение, покажуваат податоците на Министерството за правда на Бугарија, пренесува „Дневник“.

Веднаш зад Македонците се граѓаните на Молдавија, кои лани добиле 1.613, а годинава 1.063 државјанства. Потоа следуваат Украинците (лани 182, годинава 797 лица) и Србите со бројка од 186 лица минатата година и 273 годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top